• сабота, 06 декември 2025

Ѓорѓиевски: Со достоинство и со силно чувство за сопствената држава, за нашата Македонија, да бидеме посилни, посплотени и поуспешни

Ѓорѓиевски: Со достоинство и со силно чувство за сопствената држава, за нашата Македонија, да бидеме посилни, посплотени и поуспешни

Скопје, 8 септември 2025 (МИА)

Честит Ден на независноста! Да живее Македонија! Ова е ден на кој се потсетуваме кои сме, од каде доаѓаме и кон што чекориме. Да ја чуваме Македонија, затоа што таа е љубов, татковина, таа е иднината на нашите деца, се вели во честитката на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, којашто МИА ја објавува интегрално.

Дури и кога патот знае да биде трнлив и мачен, обременет со предизвици, Македонија останува наше право, наша обврска и наша света должност.

Со достоинство и со силно чувство за сопствената држава, за нашата Македонија, да бидеме посилни, посплотени и поуспешни.

Да изградиме иднина во која гордо ќе го носиме името Македонци, како што со гордост го носеле и нашите предци. И никогаш да не заборавиме - да се биде Македонец е обврска. Обврска да се чува наследството за кое нашите предци се избориле со крв, пот, пркос и непокор. За многу години!

Орце Ѓорѓиевски

Фото: Фејсбук на Орце Ѓорѓиевски

Остани поврзан