• петок, 05 декември 2025

Ѓорѓиевски организираше забава за специјалните училишта по повод крајот на учебната година, љубовта и вниманието се најважни

Ѓорѓиевски организираше забава за специјалните училишта по повод крајот на учебната година, љубовта и вниманието се најважни

Скопје, 12 јуни 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со својата сопруга и најблиските соработници, присуствуваше на забава организирана по повод крајот на учебната 2024/25 година за учениците од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, Здружението на родители на деца со церебрална парализа и ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ од Скопје, информираат од Општина Кисела Вода.

Настанот се одржал во вила „Касијана“, која, како што истакнал Ѓорѓиевски, несебично ги отворила своите врати за овие дечиња да можат да се забавуваат и дружат.

-Овие дечиња, секогаш мои најверни пријателчиња, сакаат само љубов и внимание и да знаат дека не се сами. И додека јас сум гостин на овој свет – никогаш нема да бидат сами, порачал градоначалникот.

Тој нагласил дека неговата борба продолжува во насока на обезбедување еднакви можности за сите деца и дека тие секогаш ќе можат да сметаат на него – како човек и како градоначалник.

-Во животот не е важно кој си, што си и колку имаш – туку делата кои ќе ги оставиш зад себе. Затоа, по делата нека нѐ паметат, изјавил Ѓорѓиевски, кој вечерта ја заврши со благодарност до сите присутни за прекрасната дружба и најави нови средби со своите „другарчиња“. сст/мд/

Фото Кисела Вода 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан