• петок, 05 декември 2025

Ѓорѓиевски на средба со Ќулавкова: Нејзиното творештво е вистински печат во современата македонска книжевност, преку делата што инспирираат генерации

Ѓорѓиевски на средба со Ќулавкова: Нејзиното творештво е вистински печат во современата македонска книжевност, преку делата што инспирираат генерации

Скопје, 3 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски денеска остварил средба со академик Катица Ќулавкова.

-Ми беше особена чест и задоволство да испијам пријателско кафе со академик Катица Ќулавкова - интелектуалец, универзитетски професор и редовен член на МАНУ, се вели во објавата на Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук страница.

Како што наведува Ѓорѓиевски, нејзиното творештво е вистински печат во современата македонска книжевност, преку делата што инспирираат генерации, што ја збогатуваат нашата културна меморија и отвораат нови хоризонти на мислата и уметноста.

-Од срце ѝ благодарам за поддршката и охрабрувачките зборови кои ми ги даде. Ваквите средби носат силна мотивација и уште поголема одговорност за сè што следува, наведува Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук. нд/вг/

Фото: Орце Ѓорѓиевски Фејсбук профил

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан