• четврток, 26 март 2026

Ѓорѓиевски: Интензивно се работи на булеварот „Македонија“ - првата подземна сообраќајница во Скопје

Ѓорѓиевски: Интензивно се работи на булеварот „Македонија“ - првата подземна сообраќајница во Скопје

Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Интензивно се работи на реализацијата на еден од најголемите капитални проекти во Скопје, булеварот „Македонија”, со кој за првпат во државата се гради и пушта во употреба првата подземна сообраќајница, објави на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 Станува збор за стратешки проект што значително ќе го подобри сообраќајниот проток и ќе донесе ново, модерно решение за урбана мобилност во главниот град.

- Со неговата реализација, метежот и сообраќајниот хаос во Скопје ќе се намалат за најмалку 33%, што претставува огромен чекот кон пофункционален, поуреден и поефикасен град. Најдоброто, доаѓа!, наведува Ѓорѓиевски.са/дма/

Фото: ФБ Орце Ѓорѓиевски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан