• петок, 26 април 2024

Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер

Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер

Копер, 18 април 2024 (МИА) – Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денес е поразена од Дебора Киеса од Италија со 2:0, два пати со по 6:4.

Ова беше меч од второто коло на ИТФ фјучрс турнир Копер W75 за награден фонд 60.000 долари.

Ѓорческа денес на истиот турнир во Словенија ќе игра и меч во двојки заедно со Андреа Миту од Романија. Нивни противнички во четвртфиналето ќе бидат Ивана Севестова од Чешка и Анастасија Константиновна Соболева од Украина. зс/

 

Остани поврзан