• понеделник, 18 ноември 2024

Ѓоковиќ се пласира во третото коло на УС Опен

Ѓоковиќ се пласира во третото коло на УС Опен

Њујорк, 29 август 2024 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Грен слемот УС Опен. 

Неговиот противник, сонародникот Ласло Ѓере го предаде мечот при резултат 6:4, 6:4 и 2:0 во корист на Новак.

Мечот одигран ноќта среда кон четврток траеше 2 часа и 12 минути. 

Триесет и седумгодишниот Ѓоковиќ сервираше три аса, направи 8 двојни грешки и реализираше 4 од 10 брејк топки. Неговиот противник постигна 11 аса, 1 двојна грешка и 1 конвертирана брејк-топка од 8 шанси.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Австралиецот Алексеј Попирин.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 75 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан