• понеделник, 18 ноември 2024

Ѓоковиќ се врати во Белград со брендиран авион на Ер Србија

Ѓоковиќ се врати во Белград со брендиран авион на Ер Србија


Белград, 2. септември 2024 (МИА) – Компанијата Ер Србија му приреди изненадување на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ при враќањето од Њујорк и настапот на ЈуЕс Опен, означувајќи го авионот на релацијата до Белград со бројот 24, идентичен на неговиот светски рекорд во освоени грен – слем титули.
Перничињата на сите седишта во авионот го носеа бројот 24.
Ѓоковиќ десет пати беше шампион на Австралија опен, три пати го освојуваше Ролан Гарос, седум пати Вимблдон и четири пати УС Опен.
Српскиот тенисер неодамна го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан