• петок, 05 декември 2025

Ѓоковиќ прв финалист во Атина

Ѓоковиќ прв финалист во Атина

Атина, 7 ноември 2025 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП турнирот во Атина, откако првиот носител во полуфиналето вечерва рутински го победи Германецот Јаник Ханфман со 6-3, 6-4.

За 38-годишниот Ѓоковиќ, ова е 144. финале во кариерата во која освои точно 100 турнири, од кои 24 на грен слем турнирите.

Оваа година, Ѓоковиќ играше во две финалиња пред Атина. На Мастерсот 1000 во Мајами загуби од младиот Чех Јакуб Меншик, додека ја прослави својата јубилејна 100. титула во мај во Женева.

Ѓоковиќ во финалето на турнирот во Атина ќе игра против победникот од втората полуфинална пресметка меѓу Американецот Себастијан Корда и вториот носител Италијанецот Лоренцо Мусети. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан