• понеделник, 23 декември 2024

Ѓоковиќ: Не сум меѓу фаворитите на Ролан Гарос

Ѓоковиќ: Не сум меѓу фаворитите на Ролан Гарос


Париз, 25 мај 2024 (МИА) – Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави денеска дека не се смета себеси за фаворит пред почетокот на Ролан Гарос каде Србинот ја почнува својата одбрана на титулата утре против Французинот Пјер-Иг Хербер.
Ѓоковиќ, кој е рекордер со 24 освоени грен слем титули, вчера загуби од Чехот Томаш Махач со 4:6, 6:0, 1:6 во полуфиналето на турнирот во Женева.
Триесетиседумгодишниот Ѓоковиќ во Париз пристигнува без ниту еден трофеј од почетокот на годината и не е преголем оптимист за успешен настап на Отвореното првенство на Франција.
„Секако дека сум загрижен … Воопшто не играм добро оваа година“, изјави Ѓоковиќ.
Одговарајќи на новинарско прашање околу шансите за одбрана на титулата на Ролан Гарос, Ѓоковиќ рече: Не се сметам себеси за фаворит таму. Имам многу да работам. Ќе одам натпревар по натпревар и ќе видам до каде можам да стигнам. Само се надевам дека ќе бидам здрав и добро подготвен за Ролан Гарос“. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан