• петок, 22 ноември 2024

Ѓоковиќ: Многу играчи не сакаат да навлегуваат во организациски прашања и ова ме нервира

Ѓоковиќ: Многу играчи не сакаат да навлегуваат во организациски прашања и ова ме нервира
Белград, 19 октомври 2021 (МИА) - Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, изрази незадоволство од фактот што многу играчи не навлегуваат во организацијата на турнирите и тениската политика. - Многу ми е жал што многу играчи не се заинтересирани за оваа тема, не сакаат да навлегуваат во неа. Многу е важно да има мнозински договор. Но, многумина не сакаат да размислуваат за ништо и ова ме нервира. Бев претседател на Советот на играчи со цел да научам што е можно повеќе за системот и структурата. И не велам дека секој треба да се приклучи на Советот на играчи, но секој треба да биде свесен што се случува. Впрочем, ова е системот според кој ние тенисерите живееме. Дваесеткратниот грен слем шампион не знае дали ќе настапи на Австралија опен, поради можните ограничувања меѓу кои и задолжителна вакцинација за играчите. зс/

Остани поврзан