Ѓока задоволен од изданието на неговите избраници против премиерлигашот Тотенхем
- Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока изрази задоволство од вечерашниот настап на неговиот тим против англискиот фудбалски великан Тотенхем. Гостите од Лондон победија со 3:1.

Скопје, 24 септември 2020 (МИА) – Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока изрази задоволство од вечерашниот настап на неговиот тим против англискиот фудбалски великан Тотенхем. Гостите од Лондон победија со 3:1.
- Одигравме добар натпревар, посебно во второто полувреме кога на моменти бевме подобри од големиот фаворит. Не е лесно да се игра со ривал како Тотенхем. Сепак, моите играчи добро се движеа, постигна и еден гол, а направивме и неколку изгледни позиции. И покрај поразот, јас сум задоволен од прикажаното на моите играчи и горд сум на нив, изјави Ѓока.