Ѓока: Добро го проучивме противникот и тоа беше пресудно за нашата победа
- Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока изрази задоволство од прикажаното на неговите избраници и победата со 2:0 на гостувањето во Азербејџан против Сумгаит.
Сумгаит, 28 август 2020 (МИА) - Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока изрази задоволство од прикажаното на неговите избраници и победата со 2:0 на гостувањето во Азербејџан против Сумгаит.
- Мислам дека го постигнавме она за што бевме уверени дека ќе го сториме. Добро го проучивме противникот, ги знаевме предностите и неговите слаби страни. Сакавме комплетно да ги изолираме силните точки на противникот, особено нивната фаза во нападот и мислам дека тоа беше пресудно. Тие се квалитетен тим, но мислам дека им недостасува само искуството во Европа, она што го има Шкендија.
Следниот ривал Шкендија ќе го дознае на 31 август за кога е закажана ждрепката за 2. коло.
Покрај Шкендија пласман во второто коло од квалификациите на Лига Европа, обезбеди и Ренова. зс/