• петок, 05 декември 2025

Шчесни не е задоволен од стилот на игра на Барселона под водство на Флик

Шчесни не е задоволен од стилот на игра на Барселона под водство на Флик

Барселона, 28 јули 2025 (МИА) - Голманот на Барселона, Војчех Шчесни, изјави дека не е задоволен од агресивниот стил на игра што тимот го прикажува под водство на Ханс-Дитер Флик.

- Ова не е фудбалот што го сакам. Она што го направи Барселона минатата сезона беше импресивно за навивачите. Сепак, не ми се допаѓа овој стил на игра, па дури ни успехот на клубот не го менува моето мислење. Сметам дека тимот можеше да биде посвесен за ризиците и да не се држи до една стратегија во текот на сите 90 минути од натпреварот. Но, ова е само мое лично мислење и не сакам сериозно да го критикувам тимот. Јас сум голман и кога водиме со 4:0, а играчите постојано се обидуваат да стигнат до 5:0, заборавајќи на сè друго, тоа ме вознемирува. Секако, голманот исто така сака да ја задржи мрежата чиста. Но, играчите сакаат да продолжат да постигнуваат голови и да уживаат во играта, а тоа мене ми ја отежнува работата, изјави Шчесни за „Goal“.

Во својата прва сезона под водство на Флик и Шчесни, Барселона ги освои сите три можни домашни трофеи: Ла Лига, Купот и Суперкупот на Шпанија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан