• вторник, 05 ноември 2024

Шумски пожар над село Галичник, Армијата ќе дејствува со хеликотер за заштита на селото

Шумски пожар над село Галичник, Армијата ќе дејствува со хеликотер за заштита на селото
Скопје, 2 мај 2021 (МИА) - Армијата ќе дејствува со еден хеликотер со ведро за гаснење пожар на непристапен терен над село Галичник, за чие избувнување е добиена информација денеска околу 13:30 часот, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК информираат, дека ќе се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж. - Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи, се додава во соопштението. Според ЦУК, пожарот зафатил борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото Галичник, но истовремено и за силите ангажирани за негово гаснење. аа/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан