• четврток, 11 април 2024

Шумски пожар над гостиварско Дебреше 

Шумски пожар над гостиварско Дебреше 

Гостивар, 2 април 2024 (МИА) - Шумски пожар вечерва избувна во атарот на гостиварското село Дебреше, опожарена е борова шума. Заради интензитетот и временските услови гаснењето е отежнато.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, во текот на денот имало два пожари во гостиварско. Едниот во атарите на селата Печково и Долно Јеловце во кој гореле висока трева и стрништа и кој е изгаснат, додека попладнево се појавил нов пожар кај Дебреше. За гаснење на пожарот најавено е дека ќе биде побарано да се делува и од воздух.

- Вториот пожар е во село Дебреше, гостиварско. Пожарот има навлезено во борова шума и засега не може да се стави под контрола. За утре е најавено побарување за воздушна поддршка, наведуваат од ЦУК. згм/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан