• понеделник, 23 декември 2024

Шумски пожари низ Северна Калифорнија, најмалку 26.000 луѓе принудени да се евакуираат

Шумски пожари низ Северна Калифорнија, најмалку 26.000 луѓе принудени да се евакуираат

Сакраменто, 4 јули 2024 (МИА) - Најмалку 26.000 луѓе се принудени да се евакуираат поради ширење на шумски пожари низ Северна Калифорнија.

Во вторникот, на околу 110 километри северно од Сакраменто, во близина на градот Оровил, избувна голем пожар поради што беше прогласена вонредна состојба, а беа воспоставени и центри за евакуација.

Пожарот бил локализиран долж јужниот дел на градот, а пожарникарите се обидувале да изградат линии за задржување на северната страна на градот.

Поради екстремните горештини низ земјава избувнаа поголем број мали пожари.

Властите напоменаа дека огнометот кој се прави за Денот на независноста, што се одбележува денеска, на многу места ќе биде забранет.

Во Јужна Калифорнија, официјални лица од националниот парк „Џошуа Три“ ја затворија областа Ковингтон Флетс поради високата опасност од пожари.

Минатиот јуни изгореа 4,14 квадратни километри дрвја џошуа. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан