• вторник, 14 мај 2024

Шумскиот пожар над селата Ореше и Папрадиште изгаснат од мештаните

Шумскиот пожар над селата Ореше и Папрадиште изгаснат од мештаните
Скопје, 19 јули 2022 (МИА) - Шумски пожар кој избувнал вчера над селата Ореше и Папрадиште, а предизвикан од човечки фактор, денеска е изгаснат од страна на мештаните. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) соопшти дека вчера во 20:05 часот од страна на шумар од ШС Бабуна биле известени дека при обиколка на место викано Плавник, бил забележан густ црн чад – шумски пожар на отворено каде горело дабова шума. -Пожарот бил над селата Ореше и Папрадиште, истиот се наоѓал на непрооден терен и е предизвикан од човечки фактор.  Пожарот е изгаснат денес од страна на мештаните, се наведува во соопштението на РЦУК. бк/aa/

Остани поврзан