Шукова: Време е за резултати уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите
- Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вечерва одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови, се наведува во соопштението од СДСМ, кое МИА го пренесува интегрално.
16 октомври 2025
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вечерва одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови, се наведува во соопштението од СДСМ, кое МИА го пренесува интегрално.
-Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават Бутел дом, изјави Шукова.
Таа се осврна на реалните проблеми со кои се соочува општината запуштеното корито на Серава, недоволната инфраструктура, недостигот на јавен превоз и дотраената водоводна мрежа и истакна дека решенијата веќе се подготвени.
-Серава ќе стане место на кое ќе се гордееме уредено корито, пешачки и велосипедски патеки, зелена зона за сите. Новите паркови и 10.000 засадени дрвја ќе го вратат сјајот што Скопје го имаше пред децении, нагласи таа.
Посебен акцент стави и на водоснабдувањето и инфраструктурата:
-Денес, 60 проценти од питката вода се губи во системот. Време е за модернизација и стабилно снабдување со вода за секој дом. Новите мостови, клучки и булевари ќе го поврзат Бутел со целиот град и ќе овозможат безбедно и побрзо движење, рече Шукова.
Таа потсети дека во изминатите години градот беше заложник на неработење и популизам:
-Четири години ВМРО-ДПМНЕ ги запоставуваше општините. Време е за резултати, а не за слики и празни зборови. Половина од нашите проекти може веднаш да се реализираат, додаде таа.
Во својот говор, Шукова повика на единство и одговорност:
-Бутел не смее да биде изолиран. Бутел е почетна точка на модерното Скопје место каде што се инвестира, се гради и се слуша секој граѓанин.
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вечерва се сретна со граѓаните на Шуто Оризари, каде што порача дека оваа општина е симбол на различност, но и на заедништво и солидарност.
- Без разлика на вера, пол или националност сите сме еднакви и мора во овој град да има можности подеднакво за сите, порача Шукова
Таа нагласи дека визијата „Скопје за сите“ значи град без поделби и нееднаквости:
-Сакаме Скопје во кое нема прва и втора класа на граѓани. Секој дел од градот, вклучувајќи ја и Шуто Оризари, заслужува иста грижа, исти услови и иста поддршка, рече таа.
Во своето обраќање, Шукова зборуваше за конкретните решенија што ги предвидува нејзината програма – уредени улици и пристапни патишта, улично осветлување во сите делови, редовно собирање смет, подобра поврзаност со јавниот превоз и поддршка за образованието и вработувањето на младите.
-Младите од Шуто Оризари треба да имаат иста шанса како секој млад човек во Скопје – да се образуваат, да работат, да се развиваат тука, во својот град, порача таа, додавајќи дека знаењето и шансата се најдобрите политики.
Шукова испрати порака на единство и заедништво:
-Не доаѓаме само да побараме поддршка, туку да изградиме партнерство. Вашиот глас не е бројка во изборен резултат, туку глас за правда, еднаквост и достоинство. Да изградиме град што не заборава никого, затоа што Скопје е наш дом, заврши Шукова пред жителите на Шуто Оризари.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста