• недела, 22 декември 2024

Штрајкот во американските пристаништа го блокира увозот на кафе

Штрајкот во американските пристаништа го блокира увозот на кафе

Вашингтон, 3 октомври 2024 (МИА) - Истоварот на стотици контејнери со кафе во пристаништата на источниот брег на САД е запрен поради штрајкот на работниците, што дополнително ја влошува веќе и така скромната понуда на кафе во земјата.

Локални медиуми известуваат дека работниците во 36 пристаништа објавиле штрајк поради недоволни плати и загриженост за губење на работни места поради планираната автоматизација.

Ова доаѓа во време кога залихите на кафе во САД се на историски ниско ниво, што може да предизвика нов пораст на цените. ссм/

фото: архива

Остани поврзан