• недела, 22 декември 2024

Што најмногу ги нервира Европејците?

Што најмногу ги нервира Европејците?

Скопје, 2 февруари 2024 (МИА) - На забавниот интернет-простор се појави уште една мапа со „сомнителна“ политичка коректност. Овојпат темата е: Како да ги навредите Европејците со една реченица?

Така, Германците важат за „груби и расисти“, Австријците - „почудни Германци“, Шпанците - „гласни и досадни“, а за Французите е ставено само бело знаменце што алудира на нивното наводно премногу лесно предавање по германската нацистичка окупација во Втората светска војна. За Русија е поставено прашањето „Како е животот под диктатурата на (Владимир) Путин?“, а Белорусија е означена како „последната европска диктатура“.

Ирците се „Британци со комплекс на супериорност“, а за Британците и за Украинците, занимливо - авторите одлучиле да не кажат ништо. (Целата мапа - приказ).

Дури и Илон Маск ја коментираше објавата - тој смета дека „авторите не погрешиле премногу“, иако според многумина, некои шеги се на работ на политичката коректност.

За да се испровоцираат Македонците, доволно е да им се каже оти се „измислени во 1991“ - годината на независноста. Грција би била „пропадната економија“, а Бугарија - „најсиромашната земја во ЕУ“. Грците ги нервира и 16-зрачното златно-жолто Сонце на црвено поле...

Чесите не се сметаат за „Источна Европа“, иако некои ги сместуваат таму. Унгарија, пак, за циничните странци, е „најкорумпираната земја во ЕУ“, а Словаците би биле „унгарски Чеси“.  Слично, зајадливите ќе речат дека Норвежаните „говорат шведски дијалект“, Естонците наводно се „Финци од 'Алиекспрес',“ Хрватите би биле „Срби-католици“, а Босанците - „турски Срби“.

За Србите, навредливо е да се рече дека научникот Никола Тесла e Хрват-Американец.

За Турците, зајадливците би рекле дека „не се Европејци“, и оти Романците се Роми (Романија е означена и со ромското национално знаме). 

За Швајцарија се вели дека „никогаш не го вратила златото на Евреите“ (одземено во Втората светска војна), а во Португалија „е бразилското злато“ од преминот од средниот век кон новото време.  си/сд/

Фото: Епик мапс

Остани поврзан