• четврток, 02 мај 2024

Штитениците од Заводот во Банско организираа Велигденски базар на плоштадот во Струмица

Штитениците од Заводот во Банско организираа Велигденски базар на плоштадот во Струмица

Струмица, 15 април 2023 (МИА) - Штитениците и персоналот од Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ заедно со деца и родители од Центарот за поддршка „Порака“ денеска на плоштадот во Струмица организира Велигденски базар.

На штандовите беа изложени најразлични творби со велигденски мотиви, а целиот настан беше збогатен со музичка програма.

-На Велигден ја славиме љубовта, љубов која слегува од небото, љубов што ја покрива земјата во преобразувачка прегратка, единствена и бескрајна, давајќи повеќе отколку што можеме да замислиме, затоа што оној кој дарува добива радост, среќа, насмевка, рече директорката на Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“, Николина Георгиева.

Покрај штитениците на Заводот, свои творби за продажба понудија и децата и нивните родители од Центарот за поддршка „Порака“ од Струмица и Црвен крст Струмица.

Собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за активности на учесниците на денешниот Велигденски базар. рт/вј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан