Штип промовираше 12 првенци на генерација во основните и средните училишта
- Дванаесет ученици од штипските основни и средни училишта се прогласени за првенци на своите генерации од страна на Општина Штип.
Штип, 9 јуни 2025 (МИА) - Дванаесет ученици од штипските основни и средни училишта се прогласени за првенци на своите генерации од страна на Општина Штип.
Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека трета година по ред општината ја организира ова манифестација, бидејќи како што рече, Штип треба да се гордее со своите генијалци, кои освојуваат награди на државно, но и на меѓународно ниво. Тие на овие натпревари со своите постигнати резултати и покажаното знаење ја промовираат и Општина Штип и својата држава Македонија.
-Навистина сум горд што Штип може да се пофали со генијални ученици, коишто имаат врвни постигнувања не само на државни, туку и на меѓународни натпревари. Општина Штип преку ова, преку мерките коишто изминатите три години ги спроведе, стипендирајќи ги овие генијалци вложува во иднината, изјави Јорданов.
Учениците Иван Костевски, Марио Ванчевски и Дора Милева кои се прогласени за првенци на своите генерации велат дека наградите коишто денеска ги добиваат од страна на општината им значат и ги мотивираат во иднина да постигнуваат поголеми резултати на натреварите на меѓународно ниво. Станува збор за ученици кои добиваат први, втори или третти награди на меѓународни натпревари и светски олимпијади по природни науки.
Соња Николова од Секторот за образование во Општина Штип вели дека наместо да има девет првенци на генерација, оваа година има вкупно 12, бидејќи какошто вели таа ќе беше неправда било кој од генејалните умови да не биде признаен и да не се промовира.
-Така што од Општински основни училишта(ООУ) имаме седум првенци на генерација,односно седум наградени, промовирани, а во средните училишта досега имавме по четири, оваа година имаме пет првенци на генерација, рече Николова.
Таа додаде дека годинава е зголемена наградата за првенец на генерација, од 5.000 на 10.000 денари. вдј/дма/
Фото: МИА