• понеделник, 23 декември 2024

Штип по две децении ќе добие кино

Штип по две децении ќе добие кино
Штип, 25 ноември 2022 (МИА) - Општина Штип и Киноверзум потпишаа  договор за отвање на кино во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров", потврди за МИА градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. Очекува по два месеца да почнат и кино проекциите, бидејќи Киноверзум треба да направи друг пристап до кино салата, потоа да ги замени столчињата и да изгради нови тоалети. Киноверзум во Штип ќе работи секој ден од понеделник до недела, а планирано е во работните денови да има две до три проекции, додека за викенд бројот на проекции би се движел од четири до шест, во зависност од. капацитетот на салата, во која ќе се прикажуваат филмовите е приближно сто места, а во рамки на киното ќе функционира и продажен пулт за влезници, храна и пијалоци.вдј/

Тагови

Остани поврзан