• понеделник, 23 декември 2024

Штип и Пробиштип го одбележаа Денот на победата над фашизмот

Штип и Пробиштип го одбележаа Денот на победата над фашизмот

Штип/Пробиштип 9, мај 2023 (МИА) - Општините Штип и Пробиштип денеска го одбележаа Денот на победата над фашизмот.Во Штип се одбележа со положување цвеќе пред Алејата на народни херои.

Претставници од Локалната самоуправа, Советот на Општина Штип, Армијата, УГД, образовни и културни установи, семејствата на загинатите бранители Влатко Петров и Димитар Двојаковски и политички партии  оддадоа чест на сите загинати. Пригодна реч имаше  претседателот на ОО Сојуз на  борци- Штип и Карбинци, Петар Мицевски.

-Овој ден има своја немерлива историска димензија и вредност и во светски размери, бидејќи на 9 мај 1945 година триумфално и со блескава победа заврши победоносниот од и пад на ослободителната борба на силите на Антихитлеровската коалиција и алијанса. Тоа значеше и дефинитивен крах и дебакл на поробувачката и окупаторска политика на фашистичките агресори. 9 мај 1945 година е грандиозен настан, епохален ден со кој се потврди победата на коалицијата на мрачните и брутални апокалиптички сили на Германскиот Рајх со неговите сателити: Италија, Јапонија; и со фашистичките поддржувачи: Шпанија, Бугарија, Унгарија, Романија, рече Мицевски.

Општина Пробиштип  78 годишнината од победата над фашизмот и 73 години од идејата за изградбата на нова Европа ги одбележа со дефиле.

-Со дефиле на учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ низ улиците на Пробиштип, со знамињата на Република Северна Македонија и на Европската унија, Општина Пробиштип го одбележа Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, се вели во соопштението од Општина Пробиштип.  

Дефилето заврши во центарот на градот каде на спомен бистата на борецот Јаким Стојковски се положи свежо цвеќе. вдј/мч/

Фото МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан