• петок, 22 ноември 2024

Штипското училиште „Гоце Делчев“ доби опремена сензорна соба

Штипското училиште „Гоце Делчев“ доби опремена сензорна соба

Штип, 20 ноември 2023 (МИА) - Нова целосно опремена сензорна соба доби штипското Општинско основно училиште „Гоце Делчев“. Собата е со намена за децата со посебни потреби  целосно да се вклучат во редовниот образовен процес. Бранка Џајковска од Фондација „Чекор по чекор“ вели дека на ваков начин се помага и децата да бидат целосно вклучени во образованиот систем и да може индивидуално да ги постигнат своите цели.

-Мислам дека јасна е пораката дека инклузивното образование е реално, секое дете своето место треба да го најде во редовните училишта, а нам ни е обврска да обезбедиме квалитетно образование. Сензорната соба која денеска се отвара преставува една можност, едно дополнување на ресурсите за учење во рамки на ова училиште, вели Џајковска.

Со отворањеето на новата сензорна соба училиштето добива еден од најклучните елементи за да се одвива  редовниот процес на образованието, а логопедот во училиштето, Елена Ташкова вели дека децата со посебни потреби ќе можат и полесно да се вклучат во самиот процес на образование.

-Оваа сензорна соба преставува еден безбеден простор, мултисензорен простор кој ќе биде за децата со попреченост пред се учениците кои имаат хиперактивно однесување, растројство од аутистичен спектар, ученици кои имаат проблеми во моториката како и ученици со интелектуална попреченост, вели Ташкова.

 Во ООУ „Гоце Делчев“- Штип инклузирани се десет ученици и ваквите проекти како пуштањето на сензорната соба денеска се од големо значење и за учениците и за наставниците потенцираше диоректорот Зоран Митев.

Воедно ООУ „Ванчо Прќе“- Штип е првото училиште во општината кое пак доби електромоторен транспортер за лицата со попречености во моториката. Со овој транспортер, скалите нема да бидат проблем за децата со попречености да се качат на втори спрат на пример. Електормоторниот транспортер е безбеден и сигурен за лицата кои ќе го користат, се движи напред и назад и овозможува движење односно качување и симнување на корисникот по скали.

Реална е потребата од електормоторен транспортер, потенцираше директорот на училиштето, Кокан Радев.  Тој упати благодарност, бидејќи токму ООУ „Ванчо Прќе“е првото училиште што овозможува ваков пристап на учениците со попречености.

-Ние имаме реална потреба од тоа. Наставата во погорните одделенија се одвива и на спратови, така да на овој начин ќе успееме барем за сега да овозможиме пристап на секое дете, вели Радев.

 Во Штип до сега се отворени четири сензорни соби, а ова е првиот моторен транспортер кој помага во движењето на децата со попречености во моториката. Проектите се реализирани преку Фондацијата „Чекор по чекор“, финасиски поддржан од ГИЗ. вдј/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан