Штипски „Исар“ ќе набавува нови машини за уредување на депонијата
- Штипското комунално претпријатие „Исар“ ќе набави нови машини, кои се потребни за изведување на градежни работи на терен. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски денеска изјави дека јавната набавка за новите машини е во тек, а ќе се купат мултифункционално возило, два камиони и булдужер - гасеничар.

Штип, 28 април 2025 (МИА) – Штипското комунално претпријатие „Исар“ ќе набави нови машини, кои се потребни за изведување на градежни работи на терен. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски денеска изјави дека јавната набавка за новите машини е во тек, а ќе се купат мултифункционално возило, два камиони и булдужер - гасеничар. Тој посочи дека недостиг од машини и кадар сегогаш ќе има, но се прават напори тоа да биде минимално, а со соодветна организација сите активности да бидат завршени навремено.
-Кадар и машини секогаш ќе недостасуваат, но со реорганизација успеваме да ги завршиме потребите на претпријатието. Паралелно правиме напори со општината да обновуваме дел од постојната застарена мехнизација. Во тек е нова јавна набавка за уште едно мултифункционално возило, набавка на два камиони, булдужер - гасеничар со кои во голема мера ќе се задоволат потребите за уредување на градската депонија, вели Арсовски.
Тој додаде дека годинава очекуваат и решавање на проблемите со загубите на водата за пиење со проектот СКАДА систем.
-Направен е и проект за СКАДА системот кој треба во голема мера да ги намали загубите на вода кои се наследени од годините наназад. Тоа се сериозни чекори кои се преземени за овој релативно краток временски период. Искрено се надевам дека на долг рок ќе се покажат ефикасни, изјави Арсовски. вдј/дма/
Фото: МИА