Штипски „Исар“ ќе инвестира во нов СКАДА систем
- Штипското комунално претпријатие „Исар“ со реализација на новиот Скада систем ќе ги намали загубите на вода. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски изјави дека со овој систем ќе се врши контрола, мониторинг на водата за пиење, односно каде се губи откако излегува од Филтер станицата. Тој истакна дека со воведување на овој систем нема да бидат регистрирани енормоно големи загуби на вода.
Штип, 28 септември 2024 (МИА) - Штипското комунално претпријатие „Исар“ со реализација на новиот Скада систем ќе ги намали загубите на вода. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски изјави дека со овој систем ќе се врши контрола, мониторинг на водата за пиење, односно каде се губи откако излегува од Филтер станицата. Тој истакна дека со воведување на овој систем нема да бидат регистрирани енормоно големи загуби на вода.
- Најголем проект на кој моментално сме фокусирани е имплементирањето на системот „СКАДА“. Тоа значи мониторинг, контрола, управување, анализа на целиот водоводен систем во градот. Тоа е еден систем, еден проект кој ќе ни овозможи оние скоро 60% на загуби на вода да ја сведеме на минимум. Можам да кажам дека скоро два и пол милиони метри кубни вода ЈП „Исар“ губи некаде низ линиите во градот, таа вода не се фактурира. Но, трошокот за таа вода е направен и е платен, рече Арсовски.
Се очекува да се стави ред и на кражбите на вода од страна на несовесни граѓани. Преку системот ќе се пронаоѓаат сите корисници кои крадат вода, а тоа се фактурира на сметка на ЈП „Исар“. На тој начин нема да се трошат финансиски средства, со што може да се тргне претпријатието од стаклени нозе, а во иднина дури и да се намали сметката за вода за корисниците во градот.
-Еден од сегментите коишто го овозможува овој систем е утрвдување и на тие диви приклучоци. Тој е автоматизиран софтверски систем кој ќе ги покажуав сите критични точки кадешто се губи водата откако излегува од филтер станицата, изјави Арсовски.
Арсовски посочи дека ова е еден од поголемите проекти кои треба да се имплементираат во наредниот период.вдј/лв/
Фото: МИА