• петок, 22 ноември 2024

Штипските студенти на Медицинскиот факултет се вклучија во одбележување на Недела на борба против глаукомот

Штипските студенти на Медицинскиот факултет се вклучија во одбележување на Недела на борба против глаукомот

Штип, 15 март 2024 (МИА) - Со мерење очен притисок и дијоптрија студентите и наставниот кадар на Факултет за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска се одбележува Неделата на борба против глаукомот. Раководителот на катедрата за офтамологија при Факултетот за медицински науки при УГД-Штип, Страхил Газепов истакна дека болеста глауком е подмолна болест, која не предизвикува болки на очите, пореметување на видот, ниту пак чешање и црвенило на окото.

-Нема никакви симптоми, а перманетно го оштетува очниот нерв и знае оваа болест да биде толку подмолна, кога пациентите ќе дојдат кај очен лекар да имаат сериозни нарушувања на очниот нерв и со тоа да има траен губиток на видот. Апел е еднаш годишно е пациентите да си го прегледат очниот притисок се со цел рано откривање, вели Газепов.

Посочува дека скринингот е со цел во почетна фаза да се открие очниот притисок и со соодветна терапија да се одржи нормална тензија во окото и да не се изгуби видот кај пациентот. Газеопов истакна дека глаукомот има генетска компонента, но и модерниот начин на живот, кој носи стрес, како и немање  доволна физичка активности придонесуваат за појава на очниот притисок.

-Глукомот е втора причина за слепило на светско ниво, на прво место е катарктата, вели Газепов.

Шефот на кабинетот за глуком при Очната клиника во Скопје, Ирина Богданова истакна дека денеска се приклучуваат на акцијата за одбележување на Неделата на борба против глаукомот во Штип. Таа додаде дека во текот на изминатата недела во повеќе градови низ земјава се направени бесплатни акции за мерење на глаукомот или очниот притисок.

-Мора да се напомене дека се повеќе имаме пациенти и е зголемен бројот, токму и заради тоа сакаме да алармираме за ова заболување. Границата е поместена, пред неколку години глаукомот се појавуваше над 50 или 60 години, сега е проблемот што ја зафаќа таа една работна група од 40 до 50 година, се уште ги истражуваме ризик факторите, иако само на почеток се сметаше дека е наследниот ризик фактор. Но, сега гледаме и дека други фактори има коишто се јавуваат, стресот, работењето на ноќна светлина, на неубава светлина итн. Се уште ги истражуваме ризик факторите, вели Богданова.

Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека како Универзитет активно се вклучуваат во сите кампањи, а во кои се вклучени студентите и наставниот кадар. вдј/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан