• сабота, 23 ноември 2024

Штипскиот Центар за култура ќе има низа настани за сечиј вкус

Штипскиот Центар за култура ќе има низа настани за сечиј вкус

Штип, 4 март 2024 (МИА) - Низа настани се  предвидени во Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип во наредните месеци, најави директор, Горан Трајков. Во месец март се предвидени два големи концерти на српски и македонски музички ѕвезди, а предвидена е и втора концертна сезона со 15 концерти. Во меѓувреме продолжува и периодот на одржување на театарски претстави, со што какошто вели Трајков, ќе се задоволат вкусовите на сите граѓани.

-Имаме и втора концерта сезона и ќе се одржат повеќе од 15 големи концерти. Во месец март имаме 15 театарски престави, со што ќе се задоволат сите вкусови на граѓаните, вели Трајков.

Тој најави и нови проекти со што ќе се пристапи кон реконструкција на внатрешноста на Центарот за култура, промена на врати и прозорци, а очекува во 2025 година Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип да добие сосем нов изглед.

-Имаме предвидено со новите проекти, да се реновира големата сала во Центарот за култура, ќе се воспостави ново греење, нова енергетска фасада, нови прозорци и врати и со тоа ќе добиеме едно ново руво, рече Трајков.

Тој додава дека со влегувањето на средства од проектите и настаните кои ги реализираат во Центарот за култура се инвестира во реконструкција и промена на инвентар со што се подобрува изгледот и условите во оваа институција. вдј/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан