• четврток, 16 мај 2024

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ промовираше нова веб-страница

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ промовираше нова веб-страница

Штип, 29 ноември 2023 (МИА)- Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип промовираше нова веб-страница, визуелно надградене и информациски збогатена. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски на денешната прес-конференција рече дека  сајтот е пред сѐ фокусиран на тоа да биде корисен за студентите и вработените, а освен информативниот карактер, има и едукативни, инспиративни, мотивирачки и културно-забавни содржини.

-Според првичните видувања, имаме целосно нов портал и, според мене, најважно е што порталот прво е фокусиран кон нашите најважни корисници – студентите, им овозможува полесен пристап до сите информации, а и визуелно достојно го одбележува Универзитетот, рече Мираковски.

Ракоководителот на проектниот тим, универзитетскиот професор Златко Бежовски, рече дека  внимание е посветено на тоа сајтот да биде соодветно достапен на мобилните уреди, имајќи предвид дека 80 проценти од корисниците ги користат нив за пристапување и информирање.

-Основната замисла ни беше визуелно да го освежиме идентитетот на Универзитетот и да добиеме едно модерно решение. Тој процес почна со креирањето и изборот на логото на почетокот на годината и сега го заокружуваме со новиот портал. Важно ни беше сајтот да биде соодветно структуриран и нашите главни целни групи да можат лесно и брзо да дојдат до информации, рече Бежовски.

Сајтот е креиран со најновите технологии, а новата верзија е многу побезбедна за разлика од претходната. Веб-порталот е функционален на линкот www.ugd.edu.mk, а претходниот портал на УГД, life.ugd.edu.mk, сега се интегрира во новиот веб-портал во делот на блог. вдј/хс/

Фото: МИА 

Остани поврзан