• четврток, 21 ноември 2024

Штабот на Трамп ги оспори резултатите во Винсконсин и најави тужба

Штабот на Трамп ги оспори резултатите во Винсконсин и најави тужба
Вашингтон, 1 декември 2020 (МИА) - Изборниот штаб на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска ги оспори резултатите од гласањето на претседателските избори во сојузната држава Висконсин и најави тужба пред Врховниот суд, откако гувернерот на Висконсин, Тони Еверс вчера ја сертифицира победата на Џо Бјаден во таа држава. - Во денешната тужба вклучивме четири случаи со јасни докази за незаконитостите, како што е нелегално корегирање на гласачките коверти на лицата кои не се појавиле на гласачките места, присвојување на нерегуларни ливчиња и одржување на илегални избирачки собири наречени „Демократија во парк, се наведува во соопштението од штабот на Трамп. Тоа е уште еден од низата судски постапки покренати од правниот тим на Трамп поради наводни изборни неправилности на претседателските избори што се одржаа на 3 ноември, на кои, според официјалните резултати победи кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден. ми/

Остани поврзан