• понеделник, 23 декември 2024

Шпионажата во Австралија на повисоко ниво отколку во Студената војна

Шпионажата во Австралија на повисоко ниво отколку во Студената војна

Мелбурн, 20 октомври 2020 (МИА) - Шпионажата во Австралија е на повисоко ниво отколку во Студената војна. Ова го објави шефот на разузнавачката служба на земјата во говорот во кој предупреди дека граѓаните ги следат и малтретираат странски сили.

Неколку политичари од целиот идеолошки спектар се вклучени во истраги за наводни операции за влијание од странство, претежно од Кина.

- Постојат повеќе странски шпиони и нивни помошници кои дејствуваат против австралиските интереси отколку во времето на Студената војна, изјави шефот на австралиската разузнавачка служба Мајкл Барџис. Тој предупреди дека групите од дијаспората кои живеат во Австралија биле следени и малтретирани од странски влади.

Студентите од Хонг Конг запишани на австралиските универзитети, исто така, пријавија заплашување и закани по семејството дома по минатогодишните протести за демократија во финансискиот центар.

Тој рече дека странското надгледување и заплашувањето на групите од дијаспората е „не помалку од напад врз суверенитетот на Австралија“.

- Неприфатливо е луѓето во Австралија да бидат заплашувани едноставно да се залагаат за демократски реформи или да критикуваат кршење на човековите права, рече тој.

Во последниве години, неколку австралиски политичари беа вовлечени во скандали откако зедоа парични донации од донатори поврзани со Пекинг или беа обвинети за вмешаност во кинески пропагандни напори.

Минатата година главниот претходник на АСИО Данкан Луис предупреди дека Кина се обидува да го „преземе“ политичкиот систем на Австралија преку шпионажа и ширење на влијание.

Тој ги истакна инцидентите со кинески агенти кои дадоа голем придонес за австралиските политички партии, како дел од голема кампања, насочена кон медиумите и универзитетите во земјата.

Официјални лица велат дека растечките напори на Кина да влијае врз надворешната политика преку донации, инвестиции и групи во заедницата се зголемија откако претседателот Си Џинпинг ја презеде власта.

Австралија и Вашингтон се членки на Алијансата за споделување разузнавачии податоци „Пет очи“ - која ги вклучува и Велика Британија, Канада и Нов Зеланд. паг/

Остани поврзан