• недела, 22 декември 2024

Шпигел: Зеленски ќе учествува на состанокот во Рамштајн и ќе побара ракети со долг дострел

Шпигел: Зеленски ќе учествува на состанокот во Рамштајн и ќе побара ракети со долг дострел

Берлин, 5 септември 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе учествува денеска на состанокот на таканаречениот формат Рамштајн, меѓу земјите кои испорачуваат оружје на Украина, соопшти германскиот магазин „Шпигел“.

Се очекува на состанокот, кој ќе се одржи во американската военовоздушна база Рамштајн во Западна Германија, Зеленски да побара дополнителни испораки на оружје, особено ракети со долг дострел, како и повеќе средства за противвоздушна одбрана, наведува списанието.

По целосната инвазија на Русија врз Украина во 2022 година, САД формираа група која сега брои околу 50 земји, кои редовно се состануваат за да ги координираат барањата на Киев за оружје со ветувањата на донаторските земји. ссм/

фото: архива

Остани поврзан