• недела, 22 декември 2024

Шпанските спасувачки служби пресретнаа десет чамци со 320 мигранти

Шпанските спасувачки служби пресретнаа десет чамци со 320 мигранти
Мадрид, 17 ноември 2020 (МИА) - Шпанските спасувачки служби денеска соопштија дека пресретнале десет чамци со над 320 мигранти во близина на архипелагот на Канарските острови. Мигрантите, сите од северозападните африкански држави, се префрлени во пристаништето во градот Аркинекин на островот Гран Канарија. Повеќе од 2.000 мигранти се наоѓаа во пристаништето последните денови. Некои од нив се сместени во шатори на Црвен крст, но многумина немаат засолниште. Министерството за внатрешни работи соопшти оваа недела дека 16.760 мигранти пристигнале на Канарските острови преку море меѓу 1 јануари и 15 ноември, што е за 1.000 проценти повеќе од истиот период минатата година. Повеќе од половина од вкупниот број пристигнаа во последните четири недели. Министерството наведува дека вкупно 32.427 мигранти пристигнале во Шпанија со брод во истиот период, 45 проценти повеќе од минатата година. паг/

Остани поврзан