Шпанскиот крал Фелипе Шести изјави дека е „уништен“ поради поплавите во Шпанија
- Шпанскиот крал Фелипе Шести денеска вети целосна потребна поддршка на роднините на жртвите од поплавите што го опустошија југоисточниот дел на Шпанија.
Мадрид, 30 октомври 2024 (МИА) - Шпанскиот крал Фелипе Шести денеска вети целосна потребна поддршка на роднините на жртвите од поплавите што го опустошија југоисточниот дел на Шпанија.
-Уништени сме од најновите вести за поплавите, напиша шпанскиот кралски двор во објава на социјалната мрежа Х.
-Изразуваме најискрено сочувство до семејствата и роднините на повеќе од 50 загинати. Сила, храброст и сета потребна поддршка за погодените, додаде тој.
Централната влада формираше кризна единица, која за прв пат се состана синоќа и испрати армиска единица специјализирана за спасувачки операции во провинцијата Валенсија.
Кризното одделение треба повторно да заседава денеска напладне под претседателство на премиерот Педро Санчез, кој неодамна се врати од официјална посета на Индија.
-Со загриженост ги следам вестите за исчезнатите луѓе и штетите предизвикани од невремето во последните неколку часа, напиша премиерот во текот на ноќта на „Х“, повикувајќи ги луѓето да ги следат советите на властите. „Бидете многу внимателни и избегнувајте непотребни патувања“, додаде Санчез. мс/
фото: МИА архива