• недела, 03 ноември 2024

Спајиќ: Никому нема да му дозволам да го загрози европскиот пат на Црна Гора

Спајиќ: Никому нема да му дозволам да го загрози европскиот пат на Црна Гора

Подгорица, 30 ноември 2024 (МИА) – Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, денеска изјави дека нема да дозволи никој да го загрозува европскиот пат на земја, кој, како што наведе, го поддржуваат 80 отсто од нејзините граѓани.

Спајиќ на прес-конференцијата по презентацијата на Извештајот на Европската комисија (ЕК) рече дека денеска е историски ден за Црна Гора и нејзината европска иднина.

- Не беа измерени само резултатите на Владата и мнозинството, туку и на опозицијата и невладиниот сектор. Извештајот е слика на нова и европска Црна Гора, но и потврда дека пред една година, кога беше избрана 44 влада, добро ги поставивме координатите на нашиот правец, рече Спајиќ. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан