Шпанската фудбалерка Путељас пред рекорден милионски трансфер
- Шпанската репрезентативка и член на Барселона, Алексија Путељас, се очекува да стане првата фудбалерка во историјата која ќе потпише договор вреден повеќе од еден милион евра, јавија вечерва шпанските медиуми.
Мадрид, 29 ноември 2023 (МИА) – Шпанската репрезентативка и член на Барселона, Алексија Путељас, се очекува да стане првата фудбалерка во историјата која ќе потпише договор вреден повеќе од еден милион евра, јавија вечерва шпанските медиуми.
Според весникот „Ел Мундо Депортиво‘, светската шампионка со репрезентацијата на Шпанија и двократна носителка на наградата „Златна топка‘ има понуда од Барселона да го продолжи договорот за сума од еден милион евра, како и дополнителни 500.000 евра во бонуси.
Најголема плата во светот на женскиот фудбал во моментов има новата американска селекторка и сè уште актуелен тренер на Челзи, Ема Хејс. Нејзината селекторска плата ќе изнесува 1.28 милиони фунти.
Хејс на клупата на САД дојде на местото на македонскиот фудбалски стратег Влатко Андоновски, кој во август поднесе оставка по неуспешниот настап со американската репрезентација на женското Светско првенство во Австралија и Нов Зеланд. ег/
ФОТО: Х