Шпанската Влада нема сознанија за склучен договор за производство на Спутник В
- Шпанската Влада денеска соопшти дека нема сознанија за постоење на каков било договор за произведување на руската вакцина против Ковид-19 Спутник В во Шпанија

Мадрид, 10 март 2021 (МИА) - Шпанската Влада денеска соопшти дека нема сознанија за постоење на каков било договор за произведување на руската вакцина против Ковид-19 Спутник В во Шпанија.
Реакцијата на шпанкста Влада уследи откако Рускиот директен инвестициски фонд (РДИФ) соопшти дека е постигнат договор за производствот на вакцината Спутник В во Шпанија, во Франција и во ГЕрманија.
- Во овој момент немаме сознанија дека се склучен каков било договор за производство во Шпанија, соопшти шпанското Министерство за здравство. ми/