• недела, 05 јануари 2025

Шпанија ја зафатија обилни дождови

Шпанија ја зафатија обилни дождови

Мадрид, 3 јануари 2025 (МИА) – Обилни дождови денеска зафатија делови од Шпанија, вклучувајќи ги Галиција, Астурија, Кантабрија, Баскија, Навара и северот на Кастиља и Леон, а врнежите се очекува да престанат по викендот.

Како што јавија шпанските медиуми, најобилни врнежи се регистрирани во Галиција, а во некои делови од регионот се очекува во текот на денот количината на врнежи да достигне и до 40 литри на метар квадратен.

Шпанските метеоролози предупредија дека невремето ќе продолжи и в недела, и покрај тоа што утре се очекува затишје, и оти ќе ја погоди и западна Андалузија. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан