Шпанија/Ковид-19: Вонредната состојба продолжена до 7 јуни
- Шпанскиот премиер Педро Санчез доби поддршка од Парламентот за петто продолжување на вонредната состојба прогласена поради пандемијата на коронавирусот.

Мадрид, 20 мај 2020 (МИА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез доби поддршка од Парламентот за петто продолжување на вонредната состојба прогласена поради пандемијата на коронавирусот.
Вонредната состојба, која е во сила од 14 март, сега е продолжена до 7 јуни.
Во последните 24 часа во Шпанија се заразиле 721 лице, па вкупниот број на болни се зголеми на 279.524. Починаа уште 110 пациенти, со што бројот на жртви на Ковид-19 изнесува речиси 28.000. јт/