Шошкиќ кариерата ќе ја продолжи во САД
- Македонскиот кошаркарски талент Андреј Шошкиќ, ќе го напушти Работнички и својата кариера ќе ја продолжи во САД.
Скопје, 3 мај 2025 (МИА) – Македонскиот кошаркарски талент Андреј Шошкиќ, ќе го напушти Работнички и својата кариера ќе ја продолжи во САД.
Од следната сезона Шошкиќ ќе биде член на универзитетскиот тим Стони Брук во НЦАА лигата.
Новиот клуб на Шошкиќ за овој трансфер информира преку својот профил на Фејсбук.
Дваесетгодишниот Шошкиќ е повремен сениорски репрезентативец и стандарден младински репрезентативец на Македонија. зс/
Фото: Фејсбук