• петок, 22 ноември 2024

Шортс со 33 поени ја предводеше македонската репрезентација до победа над Данска

Шортс со 33 поени ја предводеше македонската репрезентација до победа над Данска
Гевгелија, 13 ноември 2022 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација вечерва ја совлада Данска со 74:71 по продолжение од пет минути. По 40 минути резултатот беше нерешен 64:64. Најдобар играч на средбата во Гевгелија беше Американецот со македонски пасош Ти-Џеј Шортс. На неговото конто отидоа 33 поени, шест асистенции и три скока. Покрај Шортс, двоцифрен број поени во победничкиот состав постигнаа и Стојан Ѓуровски – 11 и Војдан Стојановски – 10. Кај гостите се истакна Дарбо со 21 поен, но и промашен шут за три поени во последните секунди од продолжението. „Црвено-жолтите“ бодрени од навивачите кои до последно место ја исполнија салата „26 Април“ ја запишаа четвртата победа во исто толку натпревари во претквалификациите за Евробаскет 2025. На првиот денешен меч од Д-групата, Словачка како гостин ја победи Норвешка со 68:56. По четири кола, Македонците се први на табелата со осум бодови, Норвешка и Словачка имаат по шест, Данците се последни со четири бода. зс/

Остани поврзан