• недела, 06 октомври 2024

Шолц побара процедурите за азил во Германија да се спроведуваат побрзо

Шолц побара процедурите за азил во Германија да се спроведуваат побрзо

Нирнберг, 8 јули 2024 (МИА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека сака да види поголема брзина во одлучувањето за барањата за азил за време на денешната посета на Федералната канцеларија за миграција и бегалци (БАМФ) во Баварија.

Шолц вети и политички напори, на пример за подобрување на враќањето на барателите на азил како дел од таканаречената Даблинска регулатива на ниво на Европската унија.

- Мора да постигнеме промена во практиката, рече Шолц во Нирнберг и информира дека е во „постојан дијалог“ со своите колеги во неколку европски земји.

Претходно, вработените во БАМФ го изразија своето незадоволство од досегашната практика на канцеларот. Некои земји, вклучително и Италија, во моментов не прифаќаат ниту еден или само мал број бегалци, иако се обврзани да го сторат тоа според договорот од Даблин.

Според Даблинската регулатива, само една земја на ЕУ е одговорна за испитување и обработка на процедурите за азил – обично земјата на чие тло лицето кое бара заштита првпат влегло во ЕУ.

Генерално, Шолц повика на поголема брзина во обработката на барањата за азил. Ова е клучно за да се постигне поголемо прифаќање меѓу населението, рече тој. јт/

Фото: ДПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан