• вторник, 05 ноември 2024

Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор

Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор

Тунис, 6 октомври 2024 (МИА) – Тунискиот претседател, Каис Сајед, на денешните претседателски избори е фаворит за освојување на својот втор мандат, откако неговиот главен политички ривал беше затворен минатиот месец, додека другиот противник е лидер на помала политичка партија.

Политичкиот развој на настаните во Тунис се сметаше за единствената релативно успешна приказна за Арапската пролет во 2011 година поради воведувањето на демократијата по децениското автократско владеење.

Меѓутоа, групите за човекови права сега тврдат дека Сајед, кој е на власт од 2019 година, поништил дел од демократскиот развој со отстранувањето на институционалните и законските ограничувања на својата моќ.

Сајед (66) ја отфрла ваквата критика и наведува дека се бори против корумпираната елита и предавниците и дека нема да биде диктатор.

Ајачи Замел, кој се сметаше за најголема закана за претседателот Сајед, веќе два месеца е во затвор, а вториот противкандидат, лидерот на партијата Народно движење, Зухаир Магзауи, е поранешен сојузник на Сајед.

Повеќе високо рангирани претставници на големите партии, кои главно се против политиката на Сајед, беа затворени во текот на изминатата година по различни обвиненија.

Тие партии јавно не поддржаа ниту еден од тројцата кандидати на денешните избори, додека на другите им беше забрането да се кандидираат.

Минатиот месец, изборната комисија, чии членови беа именувани од Сајед, дисквалификуваше тројца истакнати кандидати.

Парламентарците лојални на Сајед минатата недела му ја одземаа надлежноста на Управниот суд за изборни спорови, за кој се верува дека е последното независно судско тело во земјата.

Сајед од 2021 година ја концентрира целата моќ во свои раце, кога го распушти избраниот парламент и го преобликува уставот во она што државата го опиша како државен удар.

На референдумот за измени на Уставот излегоа само 30 отсто од гласачите, додека во јануари 2023 година на изборите за новиот состав на парламентот со значително намалени овластувања излегле само 11 отсто од гласачите.сд/

фото:ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан