Шолц вети дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, и покрај посетата на Орбан на Москва
- Германскиот канцелар Олаф Шолц вети дека поддршката на Европската унија за Украина нема да ослабне и покрај денешното контроверзно патување на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Москва.
![Шолц вети дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, и покрај посетата на Орбан на Москва](https://mia.mk/images/20240705130254_big_730x400_50.webp )
Берлин, 5 јули 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц вети дека поддршката на Европската унија за Украина нема да ослабне и покрај денешното контроверзно патување на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Москва.
„Орбан не ја претставува ЕУ на посетата“, рече Шолц.
Тој нагласи дека „јасната порака на блокот е дека Украина може да смета на нашата солидарност, додека (рускиот претседател Владимир) Путин не може да смета на опаѓање на нашата солидарност и поддршка“. рп/
Фото: МИА архива