• петок, 28 јуни 2024

Шмит наметна технички измени во Изборниот закон во БиХ за пофер избори

Шмит наметна технички измени во Изборниот закон во БиХ за пофер избори

Сараево, 26 март 2024 (МИА) - Високиот претставник Кристијан Шмит денеска воведе технички измени во Изборниот закон во Босна и Херцеговина. Станува збор за измени на законот кои се однесуваат само на интегритетот на изборниот процес.

Техничките промени подразбираат дека Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК) назначува претседатели на избирачки одбори, воведување скенери, идентификација на гласачите и видео надзор. Целта на техничките промени се потранспарентни и фер избори.

-Гласачите едвај чекаат да видат дали партиите ќе се договорат 10 или 15 години. Би бил посреќен ако најдеме одредена можност за промена на законот директно од одговорните партии, односно од властите и парламентот. Луѓето имаат право нивниот глас да биде сигурно преброен, рече Шмит.

Тој посочи дека овие промени се значајни на европскиот пат на БиХ и дека овие измени на Изборниот закон на БиХ требало одамна да се направат.

Шмит и се обраќа на јавноста во зградата на ОХР и наскоро ќе ги соопшти деталите за неговата важна одлука.

Тој им порача на граѓаните да излезат на гласање и да гласаат и да не дозволуваат никој да им го блокира патот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан