• среда, 09 октомври 2024

Шмигал: Русија планира уништување на нашата енергетска инфраструктура

Шмигал: Русија планира уништување на нашата енергетска инфраструктура

Киев, 10 септември 2024 (МИА) - Украина се подготвува за „руските планови за уништување на нејзината енергетска инфраструктура“ оваа зима, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмигал, додека Москва продолжува со напади врз електричната мрежа на земјата.

Енергетската инфраструктура на Украина е сериозно оштетена од руските бомбардирања, кои редовно предизвикуваат прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Шмигал истакна дека „85 проценти од основните електрични инсталации се заштитени“, а голем дел од училиштата и болниците се веќе опремени со генератори. ссм/

фото: архива

Остани поврзан