• среда, 15 мај 2024

Шкупи поразен од Балкани во плејофот за групната фаза во Лигата на Конференции

Шкупи поразен од Балкани во плејофот за групната фаза во Лигата на Конференции
Скопје, 18 август 2022 (МИА) – Македонскиот шампион Шкупи доживеа пораз со 1:2 вечерва во првиот натпревар од баражот со Балкани за групната фаза од Конференциската лига на УЕФА. Чаирчани имаа повеќе шанси, но само еднаш ја затресоа мрежата на гостинот од Сува Река кој задоволен ќе го чека реваншот на свој терен Шкупи прв дојде во водство на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје преку Сандеј Адетунџи во 19.минута. По само четири минути израмни Албион Рахмани, а Меритон Кореница во 67.минута ги постави конечните 2:1. Реваншот ќе се игра по седум дена во Косово. зс/

Остани поврзан