• понеделник, 16 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шкупи на полувреме има негатива од еден гол на дуелот со Левски

Шкупи на полувреме има негатива од еден гол на дуелот со Левски

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) – Македонскиот претставник во 2. коло од квалификациите на Конференциската лига, тимот на Шкупи, вечерва во Скопје по првото полувреме губи од Левски Софија со 0:1.

Стрелец на водечкиот гол за гостите од Бугарија е Бразилецот Велтон во 31.минута.

 

Шкупи не реализира три чисти шанси за гол, додека Левски од една полушанса дојде во водство.

 

На трибините на Национална арена „Тодор Проески“ се наоѓаат и 300 навивачи на Левски кои во повеќе наврати провоцираа со скандирања „Македонија е бугарска“ и упатуваа навреди на национална основа кон навивачите на Шкупи.

Пред почетокот на натпреварот македонската полиција приведе девет бугарски навивачи поради нарушување на јавниот ред и мир. зс/

Остани поврзан