• среда, 15 мај 2024

Шкупи направи голем исчекор кон второто квалификациско коло во ЛШ

Шкупи направи голем исчекор кон второто квалификациско коло во ЛШ
Скопје, 5 јули 2022 (МИА) – Македонскиот фудбалски првак Шкупи е пред пласман во второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите, откако вечерва во Скопје го совлада Линколн со 3:0. Чаирчани доминираа во текот на целиот натпревар, а третиот гол го постигнаа со фудбалер помалку. Головите ги постигнаа Данфа, Адетунџи и Чиполина (автогол). Поради втор жолт картон, во 54.минута Шкупи остана без Маргвелашвили. Реваншот ќе се игра по седум дена на теренот на Линколн. зс/

Остани поврзан